Наместо досегашните 300 денари, вработените во Клиничкиот центар отсега ќе плаќаат по 800 денари месечна карта за паркинг во рамки на комплексот на Клинички центар.
Според градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов, 1.500-те месечни карти со повластена цена од 300 денари, во услови кога на паркингот има вкупно 670 паркинг места, биле издадени од чист популизам.
Со ова поскапување на паркингот за вработените, се врши усогласување со цените што ги плаќаат граѓаните за услугите на ЈП „Градски паркинг“, а крајната цел е регулирање на сообраќајниот хаос во рамките на Клиничкиот центар, вели Шилегов.
За пациентите цените остануваат исти.