Макарони со сланина и печурки

За сите љубители на италијанската кујна, вкусни макарони со сланина и печурки од кои прсти ќе излижете.

СОСТОЈКИ:
400 гр макарони
200 гр Пекабеско сланина
300 гр шампињони
300 гр доматно пире
2 главици кромид
вегета
сол
бибер
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се варат макароните во солена вода, па се цедат.
За сосот се пржи сланината исечена ситно во тава со масло, се додаваат и сечканите шампињони, ситно сечканиот кромид, па се убаво се динста на маслото.
Се пржи додека да испари водата од печурките.
Додадете доматно пире, сол, бибер и вегета, се измешајте убаво и оставете го 10 минути да се крчка, па тргнете го на страна.
Се става врз тестенините и се послужува топло.
На здравје!

- Реклама -