Харадинај: Доволен е еден американски војник да нé одбрани од Србија

Србија нема да има храброст да прати војници на Косово, а дури и ако тоа се случи, Приштина ќе ја има поддршката од Американците, вели косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

За порталот „Инсајдер“, Харадинај порача дека „има кој да го брани Косово“.

„Еден американски војник овде ќе биде доволен“, вели тој, образложувајќи дека во таква ситуација Косово би ја имало поддршката од САД.

Харадинај порача и дека косовската војска ќе биде формирана без оглед на тоа што некои од членките на НАТО се против тоа. Тој истакна дека и САД се категорично за формирање на косовска војска и дека со таквата поддршка, уверен е, до тоа и ќе дојде.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

 

- Реклама -