АРМ демантира било каква вмешаност во настаните во Собранието на 27 април

Генералштабот на АРМ најенергично ги демантира шпекулациите за наводна инволвираност во организирана форма на  Армијата на Република Македонија во собраниските настани на 27 април минатата година. Тоа се груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, истакнуваат од Генералштабот на АРМ.

„Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста“, се вели во соопштението.

„Преку пласирање вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа се влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија“, реагира Генералштабот на АРМ.

- Реклама -