Трамп за Макрон и протестите во Франција: Мило ми е што сфатија дека бев во право пред две години

Доналд Трамп ја поздрави одлуката на францускиот претседател – Емануел Макрон, донесена по жестоките протести на „Жолтите елеци“ во Франција, да го одложи зголемувањето на цените на горивото. Поскапувањето е еден од инструментите со кои Макрон и француската влада сакаат да повлијаат на намалување на потрошувачката на фосилни горива и со тоа да го намалат придонесот во климатските промени.

Трамп, од своја страна, одлуката на Макрон ја протолкува и искористи како аргумент што го потврдува неговиот личен став од пред две години – дека Парискиот климатски договор, кој во 2015-та го потпишаа речиси 200 земји, „има фатални недостатоци, бидејќи ги зголемува цените на енергенсите за земјите што се однесуваат одговорно, додека истворемено на некои од најголемите загадувачи во светот им прогледува низ прсти“.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

Трамп изрази задоволство што и Макрон и демонстрантите стигнале до истиот (негов) заклучок, додавајќи дека и тој е за чист воздух и чиста вода, но дека американските даночни обврзници и работници не треба да плаќаат за чистење на туѓото загадување.

Како Трамп си го замислува Макрон во моментов.

 

- Реклама -