На штандот на марката во Париз се изложени студијата на првиот модел на Баварците со преден погон, Concept Active Tourer, првиот 4х4 од Серија 1, потоа i3 Concept, концепт скутерот на струја C evolution, новите Серија 3 и перјаницата – Серија 7.
Новинарите на салонот во Париз се првите во светот, кои имаат можност да се запознаат одблиску со BMW Concept Active Tourer хибрид, со трицилиндерски бензински мотор и со погон на предните тркала.
Plug-in хибридниот погонски систем на BMW Concept Active Tourer е составена од нов трицилиндерски 1,5 литарски бензински агрегат од новата генерација, кој е комбиниран со електромотор, одговорен за задните тркала.
BMW Concept Active Tourer е со вкупна максимална моќност од 190 КС, кој може да се забрзува од 0 до 100 km/h за помалку од 8 секунди и да развие максимална брзина од околу 200 km/h.
Во исто време, просечната потрошувачка на BMW Concept Active Tourer е помалку од 2,5 литри на 100 километри, а СО2 емисијата e околу 60 грама на километар.
Објавено во соработка со Авто Плус.