На денешното рочиште за случајот „27 април“, обвинетиот Стефан Младеновски откри дека постоело сценарио за „Крвавиот четврток“, а за организатори ги посочи Александар Василевски – Нинџа и Владимир Атанасов – тогашен директор на УБК.
Младеновски потврди дека протестите имале логистичка поддршка од сите ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, а дека возилото што ги предводело протестите било во сопственост на општинскиот комитет на партијата од Кисела Вода.
„Се знаеше уште во време на протестите дека ќе треба да се влезе во Собрание на денот кога СДСМ ќе прави Влада и ќе избира претседател на Собранието“, рече тој.
Што сé откри Младеновски при своето сведочење, прочитајте на Фокус.мк.