Орбан: Во спорот со Русија, Унгарија е на страната на Украина

Унгарија ја поддржува Украина во спорот со Русија, и покрај тоа што украинската влада застапува анти-унгарски ставови, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на посетата на Прага.

„Ставот на Унгарија е целосно јасен. Ние сме про-украинска влада, така што застануваме зад Украина“, одговори Орбан на новинарско прашање.

Орбан нагласи дека и покрај тоа што во Украина владата е анти-унгарска, Унгарија нема да го промени ставот и останува зад Украина во овој спор со Русија.

Киев и Москва продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за инцидентот кој се случи во неделата во Керчкиот проток, а Украина воведе и забрана за мажите од Русија за влез во земјата.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -