Актерката Весна Петрушевска е само една од многуте кои на социјалните мрежи побараа или се сложуваат Горан Стефановски да добие улица во Скопје.
Како што напиша Петрушевска на Фејсбук по веста за неговата смрт, Стефановски за неа е најголемиот драмски писател.
„Каков ум и каков фраер драги мои. Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија. Какво богатство ни остави …непроценливо. Моите мили деца од актерската школа од најмала возраст ги учам кој е Горан и говорат негови текстови“.
Петрушевска ја опиша и нивната последна „средба“:
„Си замина во вечноста, последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола: Те сакааам! … Ќе недостасуваш најмногу… стварно нема смисла…“, напиша Петрушевска, додавајќи еден од најпознатите цитати од делата на Стефановски:
Анастазија: Има помалку души одошто луѓе. Знаете ли тоа? Има повеќе тела одошто души. Па една душа опслужува повеќе тела. Душите се како кучиња. Сакаат да се блиску до господарот. А вам ви е гајле. Ги пуштате да гладуваат, да лутаат неспокојно. (од „Жив Човек“, т.е. „Евримен“)