Шумахер во пензија, Хамилтон во Мерцедес

Во текот на денешниот ден, според најавите од Германија и од Велика Британија, треба да се случи големо тектонско поместување во Ф1. Михаел Шумахер по вторпат треба да објави дека заминува во пензија, а на негово место во Мерцедес ќе дојде Луис Хамилтон.

Хамилтон ќе го напушти Мекларен и ќе потпише тригодишен договор со Мерцадес вреден 75 милиони евра. Истата сума му ја понуди и Мекларен, но Британецот решил да си замине и да премине во редовите на Марцедес, каде ќе има многу поголема слобода и поддршка за да ја врати шампионската титула.

Легендарниот германски возач Михаел Шумахер по долго размислување сепак одлучил повторно да се повлече, откако оваа сезона се искачи само еднаш на подиумот, во Валенсија. Клучната улога за доаѓањето на Луис Хамилтон во Мерцедес ја има Норберт Хоуг.

Тимот на Мекларен по заминувањето на Луис Хамилтон треба да се насочи кон ангажман на Серхио Перез од Заубер или пак на Пол ди Реста од Форс Индија.

- Реклама -