По желба на Горан Стефановски, неговата пепел ќе биде расфрлана по Охридско Езеро

Како што соопштија од семејството на починатиот драмски великан Горан Стефановски, тој за свое вечно почивалиште го избрал Охридското Езеро. Според желбата на Стефановски, неговото тело ќе биде кремирано, а во пригодна прилика неговата пепел ќе биде расфрлана по Охридското Езеро.

Кремацијата ќе биде извршена на 5 декември во 9:20 часот во крематориумот Barham во англискиот град Кентербери, каде Стефановски ги помина последните две децениии од животот.

По кратко боледување, Стефановски почина на возраст од 66 години.

- Реклама -