Русија ветува база на Месечината

МесечинаРусија вети дека ќе изгради база на Месечината во следниве две децении која потоа ќе ја користи како почетна база за испраќање луѓе на Марс. Ветувањето беше направено по одржувањето на состанок за руската вселенска програма во пресрет на педесеттата годишнина од историскиот лет на Јури Гагарин во 1961 година.

Кремљ ќе ја употреби годишнината за поттикнување на патриотските чувства, покажувајќи решеност да ја вратат вселенската програма на нејзината слава од времето на Советскиот Сојуз. „Пред сè зборуваме за летови до месечината и создавање на база во близина на месечевиот северен пол каде што има најголеми шанси за извор на вода. Ова би можело да биде постигнато околу 2030 година“ пишувало во документи објавени пред состанокот.

Според руската вселенска програма, испраќањете луѓе на Марс би било возможно во четвртата деценија од овој век. Руските научници ја претставуваат месечината како потенцијален извор на енергија, велејќи дека содржи големи резерви од Хелиум 3, изотоп кој би можел да биде клучен за нов начин на генерирање енергија.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Рускиот премиер изјавил дека Русија веќе е голема вселенска сила, одговорна за 40 проценти од сите вселенски мисии, но додал дека Русија може и повеќе. Тој предвидел: „Мислам дека можеме да ја зголемиме таа бројка за пет, па дури и десет проценти во блиска иднина“. Кремљ дава сè повеќе пари во вселенската програма, и веќе има планови за нов космодром и ново вселенско возило.

Ова не е првото вакво ветување за освојување на Месечината и Марс, но Александар Серебров, поранешен космонаут, мисли дека зборувањето за база на месечината и мисии до Марс е избрзано. „Нашите научници се стари што значи дека нема да доживеат да ги видат овие работи, па затоа не им е важно што ветуваат“ изјавил тој за руско радио. [Russia vows to build base on the Moon]

- Реклама -