Мистериозно „исчезнаа“ 12 километри граница меѓу Грција и Македонија

Како што објавија грчките медиуми, ноќта меѓу четвртокот и петокот, минатата недела, биле отстранети и уништени 105 камени столбови кои ја означуваат границата меѓу Македонија и Грција од грчка страна, во месноста Месокампос и Ахлада во општина Лерин. Се работи за гранични камења во форма на пирамиди и цилиндри, од кои некои со големина и над 1 метар.

Претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, завчера излегле на терен и констатирале дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри, информираше денеска Министерството за надворешни работи.

Инцидентот е потврден и од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, од каде истакнуваат дека во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки.

 

- Реклама -