Како астронаутите на Меѓународната вселенска станица решаваат што „ќе прават за ручек“?

Што да се прави за ручек – едно од најтешките прашања што ги мачи луѓето на Земјата, се чини подеднакво е тешко и во вселената.

Преку сервисот NASA TV до астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) редовно стигнуваат секакви прашања од љубопитните умови на земјата, а една студентка од Србија реши да ги праша токму околу вечната дилема спомната погоре. Извесната Ана го прашала рускиот астронаут Сергеј Прокопјев дали астронаутите можат да го бираат или имаат „фиксно“ однапред прецизирано мени, како и дали сите членови на посадата на МВС јадат иста храна.

„Добро прашање“, започнал Русинот.

„Имаме пакет одредени намирници кои мораат да се изедат во рок од 16 дена. Но немаме одредено што да јадеме и кога и кој ден.

Прочитајте и:  Вештачки црн дроб ќе се одгледува на Меѓународната вселенска станица

Всушност, имаме… Ама баш и не се придржуваме. Вистината е дека некој сака едно, друг друго – па затоа ја делиме и разменуваме храната што ја имаме. Но немаме обврзувачко мени.

Посебно е возбудливо кога ќе ни дојде испорака на товар, бидејќи тогаш можеме да ја разбиеме рутината и да јадеме храна која само повремено ја имаме“, одговорил Прокопјев, кој е еден од тројцата астронаути во актуелниот екипаж на МВС, заедно со Серена Анјон-Чанслер од НАСА и Александер Герст од ЕСА (Европска вселенска агенција).

 

- Реклама -