Ви се гледа некоја драма/трилер што ќе ве држи во неизвесност и ќе ви прошета по емоциите? Не мора да барате филм, еве ви видео.
Татко и дете во кола, секаде околу нив пожар, а автомобилите пред нив како цела вечност да не мрдаат. Малово прашува: „Што кога ќе нé стигне огнот?“, на што таткото одговара: „Погоди што, сине, нема да нé стигне огнот, ќе останеме настрана од него“.
И тогаш татково фаќа да пее, како во прекрасниот свет надвор ништо лошо да не се случува. Само во повремените осцилации во гласот ќе го насетат стравот, но само возрасните, а не и неговото дете.
Е затоа го прогласуваме за татко на неделата, иако сигурно дека најголемата награда му е тоа детското „Браво тато, успеа!“ на крајот.