Како што најавија скопските власти, од следната година изворите на загадување на воздухот во Скопската котлина ќе се откриваат со дрон. Проектот ќе се реализира во три фази: Во првата е предвидена набавка на беспилотно летало – дрон и соодветен хардвер, во втората е предвиден развој на софтвер за собирање, обработка и прикажување на податоците, а во последната фаза би се спровело тест сценарио и би се формирала тест база. Веста можете да ја прочитате ТУКА.
Се проценува дека набавката на системот за четиридимензионално следење на загадувањето ќе чини околу 6 милиони денари, т.е. околу 100.000 евра. А според реакцијава на извесен твитер профил под псевдоним „Kovaч“, тоа е само еден од проблемите околу проектов на Град Скопје. Не сме експерти, ама критикава ни звучи сосема издржано, макар и само првата реченица. Ја пренесуваме, ако ништо друго, за да се види како всушност неефикасно, да не речеме расипнички, работат нашиве ни власти. Актуелни или бивши – сеедно. Менталитетот е муабетот. Пазете ова:
Ако сеуште не е јасно за каква превара станува збор, тендерот точно опишува еден DJI Phantom 4 Pro, аматерски дрон за фотографирање кој кошта 1500USD.
Спецификации се копипејст од сајтот на DJI.
И брендот на PM сензорот е точно наведен, чини 20 USD од Ali.https://t.co/y3wLkLhcIX— Kovaч (@hakovach) November 16, 2018
Тоа се истите ефтини сензори кои се користат во самопрајската мрежа @SkopjePulse , овие:https://t.co/NuMWX8LalP
— Kovaч (@hakovach) November 16, 2018
Да потсетам, истото, со потпуно истите технологии, веќе го изведе еден многу паметен основец кај нас за помалку од 1000 долари:https://t.co/94XDsdCYfI
Готово е, направено е, работи (колку толку).
Сега они сакаат да некој да му дадат да тури во џеб 100 пати повеќе за истото.— Kovaч (@hakovach) November 16, 2018
Комплетната процедура и код ги има дадено Матеј отворено/бесплатно. Сигурно ако му го побараат ќе им го даде и дронот.
Не, они 100КЕУР за баш потполно истото.
Најверојатно и кодот ќе му го искористат пошто истата база и технологија ко детево ја имаат пишано во тендерот! 🤦😤— Kovaч (@hakovach) November 16, 2018
И сега сигурно ќе се најде некој паметен и ќе рече: Лесно е да се критикува, ама ајде дај решение. Епа „Kovaч“ има предлог и за тоа. Не сме експерти, ама ни звучи разумно:
Подобра идеја: наместете 50 исти фиксни сензори од по 2000 евра во grid распоред, што континуирано мерат а не само на секој саат.
Одма ќе се најде софтвер што ќе триангулира каде е загадувањето, многу попоуздано (и пореалистично) од дронот кој има само 20-30 минути батерија!— Kovaч (@hakovach) November 14, 2018