Канал 5: Груевски е само привремено во Унгарија, на радар му се две други дестинации вон ЕУ

Според информациите на Канал 5, Унгарија и азилот таму е само привремен потег на Груевски, со кој екс-премиерот во бегство сака да купи повеќе време додека размислува за тоа која земја да ја избере за финално засолниште, а да не е членка на ЕУ.

Токму членството во ЕУ е гаранција дека унгарскиот премиер Орбан ќе биде изложен на голем притисок за екстрадиција на Груевски назад во Македонија, па затоа македонскиот екс-премиер размислува за Турција и Русија.

Турција – затоа што таму долги години апсолутна власт има Реџеп Таип Ердоган, на чија покана Груевски често ги поминуваше одморите таму, и со кој има изградено и лични релации, истакнува Канал 5.

Русија – затоа што важи за земја во која осуденици од регионов често бараат прибежиште кога треба да одговараат во своите земји. Причините за тоа нема потреба да ги објаснуваме, доволно е да се спомне Путин.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Изворите на Канал 5 потврдуваат и дека Груевски стигнал во Унгарија преку Србија. Прочитајте ТУКА.

 

 

 

- Реклама -