На денешната заедничка прес-конференција по средбата на Бојко Борисов и Зоран Заев, кој се обрати на Стартап Самитот во Софија во организација на ЕУ, бугарскиот премиер ја потврди информацијата што утрово беше објавена од бугарското Министерство за правда по шпекулациите во одредени унгарски и регионални медиуми дека Груевски ги поминал границите со бугарски пасош.
„Груевски ниту барал, ниту пак бугарската страна му издала пасош. Тоа е 100% лажна вест“, рече Борисов во единствениот коментар на прес-конференцијата поврзан со шпекулациите за бегството на Груевски до Унгарија.