Не е шега, добивате 500 евра ако ја изедете пицава (ВИДЕО)

„Озлогласената пица“ (The Notorious Pizza) е дело на една популарна ирска пицерија од Даблин, која нуди 500 евра за секој што за 32 минути ќе успее да ја изеде сам.

Звучи супер, нели? Проблемот е што пицата има пречник од 80 сантиметри, а згора на тоа треба да испиете и два милк-шејка.

Сопственикот на пицеријата – Ентони Кели, го вовел предизвикот во 2015-та година. Тогаш наградата била 50 евра, а пицата ја нарекувале едноставно „најголемата пица во Ирска“. Меѓутоа, и покрај тоа што досега едно 100 кандидати се имаат испробано, „таблата на славните“ сé уште стои празна. Ентони вели дека ниту еден од кандидатите не бил ни блиску до тоа да ја изеде целата, а убеден е дека така ќе остане и во иднина.

- Реклама -