Советничка во Белата куќа сменета по барање на Меланија Трамп

Белата куќа ја смени заменик советничката за национална безбедност на Трамп – Мира Рикардел, по барање на првата дама Меланија Трамп.

Рикардел „ќе продолжи да го поддржува претседателот и по напуштањето на Белата куќа, од каде ќе премине на нова улога во администрацијата“, изјавила портпаролката на Белата куќа – Сара Сандерс.

 

Првата дама на САД побарала смена на Мира Рикардел – која е заменик на советникот за безбедност Џон Болтон, бидејќи „веќе не заслужува да работи во Белата куќа“.

Американските медиуми објавуваат дека „спорот“ меѓу Меланија и Рикардел настанал околу распоредот на седење во авионот за време на патувањето на Меланија Трамп минатиот месец во Африка, како и поради барањето за користење средства од Советот за национална безбедност.

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

Опкружувањето на првата дама на САД наводно се сомнева и дека Рикардел била изворот на „негативните приказни“ за првата дама и нејзините соработници во јавноста.

- Реклама -