„Фокус“ предвиде договорено бегство на Груевски уште во август (ФОТО)

„Добро упатени соговорници велат дека откако СДСМ се спротивстави на секоја варијанта на директна и индиректна амнестија за обвинетите во случаите на СЈО и за случувањата во парламентот на 24 април, поранешниот премиер Груевски, неговиот прв братучед Сашо Мијалков и други поранешни функционери заговараат бојкот на референдумот“, пишувал Влатко Стојановски за „Фокус“ на 24 август годинава, во делот со поднаслов „План за бегство“.

Стојановски објаснува дека целта било прашањето за името и уставните измени да се најдат пред пратениците, што би било попречено единствено во случај на референдумот да беше постигнат цензус и мнозинството гласови да беа „против“. Ако референдумот беше успешен и мнозинството се изјаснеше „за“, во тој случај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе беа приморани да гласаат за уставните измени, бидејќи волјата на народот искажана на референдум ќе мораа да ја почитуваат. Но вака, со немање цензус, но убедливо мнозинство „ЗА“, топката беше префрлена во парламентот, каде што неколку пратеници од ВМРО-ДПМНЕ мораа да бидат убедувани, објаснува новинарот на „Фокус“. Во превод, Груевски и неговите сојузници добија повеќе простор да преговараат негова амнестија.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

А „кога амнестијата е ставена настрана преку одлука на официјални државни органи или со законско решение“, пишува новинарот, „единствено останува можноста за таканаречено дозволено бегство. Во тој контекст, упатените велат дека веќе извесно време е подготвен теренот во Унгарија, каде тамошната влада на Виктор Орбан со раширени раце би го пречекала и би му обезбедила засолниште на поранешниот македонски премиер Груевски“…

Денес „Фокус“ и самите се пофалија, реобјавувајќи ја (со право) статијата од 24 август.

Препорачуваме да ја прочитате ТУКА.

- Реклама -