Во вчерашната темелна потрага по Хари Худини… овај… Никола Груевски, МВР го опсади седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а Алфите ги претресуваа сите возила кои излегуваа од подземната гаража на партијата. Се контролираше и влез и излез.
Претресено беше и возилото на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, паркирано во катната гаража „Тодор Александров“, која се наоѓа во непосредна близина на партиското седиште „Христо Татарчев“. Порталот „Курир“ ексклузивно ја објави снимката од претресот на возилото на Јанушев:
„Претресуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ. Седиштето е под опсада. Никогаш опозициска партија немала ваков третман. Овој притисок е удар врз опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ е жртва на неспособноста на Заев. Политичкиот прогон нема да престане, но се лажат ако мислат дека ќе се откажеме. Доколку полицијата се сомнева, може слободно да дојде да провери“ – изјави Јанушев на брифингот со новинарите пред палатата „Христо Татарчев“.