Откако вчера полицијата не успеа да го лоцира експремиерот Никола Груевски, ниту во неговиот дом, ниту во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се засилија шпекулациите дека Груевски ја напуштил Македонија и заминал во некоја странска држава. Неофицијалните информации ги потврдуваат таквите сознанија.
Како резултат, МВР утринава распиша меѓународна потерница за спроведување во затвор на Груевски, кој треба да издржува казна од две години за случајот „Тенк“, пренесува ТВ 21.
АПДЕЈТ: МВР ДЕМАНТИРА ДЕКА ИМА РАСПИШАНО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ПО ГРУЕВСКИ