Голем број новинари и сниматели веќе се присутни пред капијата на затворот во Шутка и го очекуваат доаѓањето на Никола Груевски на отслужување на двегодишната затворска казна.
Откако Кривичниот совет денеска ја одби жалбата од бранителите на поранешниот премиер, се исцрпеа сите можности за одложување на издржувањето на затворската казна.
Груевски е осуден на две години затвор во случајот „Тенк“ на СЈО.