Нов рекорд за најдолго сурфање (видео)

сурфањеКолку долго би издржале на штица за сурфање? Гери Сааведра од Панама решил да открие која е неговата граница, па затоа сурфал на бран создаден од глисер кој се движел низ Панамскиот Канал. Гари успеал да остане исправен 3 часа, 55 минути и две секунди, поминувајќи растојание од 66,4 километри.

Тој поставил светски рекорди за најдолго време и најголемо растојание поминато во сурфање на отворено. Стив Кинг од Англија бил носител на претходниот рекорд поставен во 2006 година: 1 час, 6 минути. Рекордот за далечина е нов. Сааведра изјавил: „Чувството на овој рекорд е неверојатно. Никогаш претходно не сум се соочил со вакви услови, и да ги надминам сите предизвици и да поставам два рекорди е најголемото постигнување во мојата кариера.“
сурфањеСааведра, спортист спонзориран од Red Bull кој учествува во еден од проектите на компанијата за тестирање на човечките граници, се надевал на многу подолго сурфање но бил приморан да се откаже поради сериозен грч на бутниот мускул. „По третиот час многу бев уморен. Осум пати за малку ќе паднев. Првиот час се трудев многу и ја потрошив сета моја енергија. Времето беше лошо… Никогаш не сум тренирал во вакви услови.“

Необичната одисеја започнала во 6 часот и 40 минути во езерото Гатун кое е дел од каналот. Сааведра сурфал од запад кон исток на бран висок 60 сантиметри создаден од глисер. Мајкл Џанела, претставник на Гинис кој ги потврдил рекордите изјавил: „Секој човек што поставува рекорд прави нешто неверојатно но она што го направи Гери е навистина зачудувачко.“

{youtube}dGdRhjt5EYk{/youtube}

- Реклама -