Навивач на Црвена Звезда ја предвиде победата, резултатот и стрелецот на двата гола против Ливерпул (фото)

За тоа што го направи Црвена Ѕвезда против Ливерпул многумина не ни сонуваа, а само најголемите оптимисти веруваа дека домаќините всушност можат и да победат. Но еден од нив, не само што веруваше дека Ѕвезда може да победи, туку и претскажа што точно всушност ќе се случи.

Твитер корисникот по име „DjENKA“ (името го избрал бидејќи како навивач на Ц. Звезда бил воодушевен од игрите на американскиот плејмејкер Чарлс „Џенка“ Џенкинс), на 5 ноември, ден пред натпреварот, напиша вака:

“Sutra u ovo vreme Pavkov i 2-0 za Crvenu zvezdu”.

https://twitter.com/djenkacharles8/status/1059528162521030656

И бидна. Црвено-белите го победија славниот англиски клуб и вицешампион на Европа, токму со 2:0, а стрелец беше токму напаѓачот Милан Павков, и тоа на двата гола, исто како што предвиде DjENKA на Твитер.

Прочитајте и:  Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп

Кога по социјалните мрежи се расчу за ова, други Твитер корисници на шега почнаа да го прашуваат да им ја предвиди иднината:

 

 

 

- Реклама -