Скулпторката на „Мо Салах“: Ни јас не сум задоволна како испадна

Египетската скулпторка Маи Абдел Алах, откако го изнасмеа светот со својата скулптура посветена на најдобриот египетски фудбалер Мо Салах, излезе со своја реакција во јавноста: Ни самата не е задоволна од финалниот производ.

„Излевањето во бронза е проблематично во Египет бидејќи може да се направи само на специфични места. Не можев сé да направам како што сакав. Ги прифаќам сите критики. Тоа е нормално, а ние како уметници сме на тоа подложни. Ни јас лично не сум задоволна од тоа како испадна“.

Нејзиниов обид за „заблажување“ на ситуацијата, ама и обид да се протне понекој изговор (што е океј, се случувале и пострашни нешта), сепак, не го запираат сеирот на интернет. Возот за такво нешто замина во истиот момент кога беше претставена скулптурата.

 

Прочитајте и:  Салах разочаран од молкот на Ливерпул: „Поблиску сум до заминување отколку да останам на Енфилд“

- Реклама -