Судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1, ги казни адвокатите на обвинетиот Никола Груевски – Димитар Дангов и Боро Тасевски, како и адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески – Стерјо Зиков, со по 1.000 евра, за недоаѓање на судскиот процес за случајот „Насилства и шамари во Центар“.
Обвинетите ги правдаа адвокатите дека им биле на судењето за организираниот напад на Собранието на 27 април лани. Јосифов ги потсети дека ова судење е уредно закажано со денови наназад и оти требало, а не нашле замена. Судот тоа не може да го толерира, рече судијата Душан Јосифов.
Обвинителката Фатиме Фетаи ги замоли обвинетите да биде сослушан само еден сведок во отсуство на нивните бранители бидејќи ќе патува во странство и 6 месеци ќе ја нема, но тие одбија.
Прочитајте на СДК.