Aферата со бугарските пасоши е најсериозен случај на корупција во поновата историја на Бугарија, смета Иван Гешев – заменик главен обвинител. Скандалот веќе трет ден ја тресе земјата и регионот.
Во меѓувреме, на повеќе од 750 баратели им е откажано издавањето уверение за бугарско потекло, а министерката за правда – Цецка Цачева, најави итни промени во Законот за издавање на бугарски државјанства најдоцна до крајот на годината, со цел избегнување на идни малверзации околу издавање бугарски пасоши за странци. Промените во законите ќе се одвиваат по две основи. Деталите прочитајте ги на ТВ 24.