Кака со прв хет-трик за Реал Мадрид (видео)

Комбинираниот состав на Реал Мадрид им приреди шоу на своите навивачи славејќи со 8:0 на натпреварот со колумбискиот состав Милионариос.

Во главна улога се најде Бразилецот Кака, кој доби шанса од тренерот Жозе Мурињо и на најдобар можен начин ги демонстрираше своите квалитети, постигнувајќи го својот прв хет-трик во дресот на „Кралевите“. Покрај него, во листата на стрелци по два пати се запишаа и младите Каљехон и Мората, а осмиот гол за Реал беше дело на Бензема, на асистенција на Лука Модриќ.

{youtube}8GI0HB0dxDI{/youtube}

„Ова беше извонредно издание на тимот, без оглед на отсуството на дел од стандардните првотимци. Кака и останатите фудбалери заслужуваат само пофалби бидејќи одиграа маестрално и ме натераа да размислувам да ги вклучам во тимот и на следните официјални натпревари“ изјави Жозе Мурињо.

- Реклама -