Мила Кунис го спаси Робин Вилијамс од давење

Мила Кунис и Робин Вилијамс навистина се помачија за својата плата во вторникот на снимањето на “The Angriest Man in Brooklyn”. Во сцената ѕвездите пливале во Ист Ривер во Њујрок, река која има репутација за значителна загаденост.

За време на снимањето на сцената Кунис, која била облечена во медицинска униформа, го спасувала Вилијамс од давење. Според сведоците двајцата актери неколку пати се враќале во водата. За да се добие впечаток дека ѕвездите биле целосно потопени во вода нивните глави биле прекриени со чиста вода од кофи наместо загадената вода од реката.

Ист Ривер долго време има репутација на загадена река но во последните две децении таа била значително исчистена. Единствениот проблем е што Њутаун Крик – река која има добиено статус на една од најзагадените водени површини во светот – се влева во Ист Ривер.

Исто така градот Њујорк има 50 до 60 денови со дожд годишно во кои водата од канализацијата влегува директно во Ист Ривер за да се спречи нејзиното враќање во домовите. И иако реката се подобрила – и сè уште се подобрува – сепак не е место за пливање. Што ја прави посветеноста на Кунис и Вилијамс за оваа сцена уште повпечатлив. [Photos: Mila Kunis saves Robin Williams’ life on “Angriest man in Brooklyn” set]

- Реклама -