Нивото на водата во Венеција денес изнесува 149 сантиметри над вообичаеното ниво на морето. Како резултат поплавени се 70 отсто од улиците и плоштадите во градот кој и без тоа изобилува со вода.
Метеоролозите со дополнителни лоши вести – најавуваат нов раст на нивото на морето, кое уште денес би можело да достигне 160 сантиметри над вообичаеното ниво.
Последен пат со вака високо ниво на водата во каналите, Венеција се соочи во 2012-та година.
И покрај вонредните услови, во Венеција вчера се одржа маратонска трка. Беше посебно „интересно“.
Conditions today in Venice Marathon pic.twitter.com/ut0cqViSdB
— Cuan Walker (@runwithcuan) October 28, 2018