Градоначалникот не ни е цвеќе, ама и ние сме си стока (фото)

Од скоро ЈП „Паркови и зеленило“ почна да изработува куќички од трупците на исечените стари исушени дрвја низ градот. Идејата е наместо сувите или болни стебла да се сечат до самиот корен, оставајќи „лузни“, тие да бидат претворени во интересни форми кои би го привлекле вниманието на минувачите, особено децата, и би го разубавеле и развеселиле просторот.

Но, ете, и ваквите иницијативи тешко „виреат“ на нашиве простори. Декорираните дрва во Градски парк имаа тежок викенд. Во саботата ноќта, или неделата утрото, вандали се погрижиле темелно да ги демолираат.

Разочараност преку Фејсбук искажа и скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој ги објави фотографиите од уништените инсталации со коментар: „Ех, драги мои, ех…“, ставајќи го делот „драги мои“ во наводници. И мора да признаеме, овојпат е сосема во право…

- Реклама -