Да беше земјоделец… Условите кои на Груевски можеа да му донесат привремено одложување на затворската казна

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Адвокатите на Никола Груевски во средата до Врховниот суд поднеле Барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Тенк“, а истворемено поднеле и барање за одложување на издржување на затворската казна, пренесува Фокус.

Сепак, шансите на Груевски да добие одложување се минимални, бидејќи Законот за извршување на санкциите предвидува строги критериуми според кои еден правосилен осуденик има право да бара одложување.

На пример, ако Груевски беше земјоделец, а не пратеник, веројатно без поголема тешкотија ќе добиеше уште некој месец на слобода, бидејќи според Законот е дозволено одложување поради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или друга несреќа, а под услов во семејството на осуденикот да нема доволно работна сила.

Исто така, експремиерот можеби требаше да почека со одбраната на докторатот, пишува Фокус, бидејќи можно е и одлагање поради завршување на училишната година или за полагање испит за кој осуденикот се подготвувал.

За останатите услови кои можеа на Груевски да му донесат одложување на казната, за тоа зошто Бучковски не заврши во затвор и до ден денес му судат, како и за шансите на Груевски да заврши како Бучковски, прочитајте многу повеќе на ФОКУС.

 

- Реклама -