Aвион со нацистички ознаки од Втора светска се сруши во Калифорнија (видео)

Авион од постар модел, со нацистички симболи, се сруши на дел од автопатот 101 во американскиот град Агура Хилс во Калифорнија, пренесува Russia Today.

Пилотот поминал без повреда, а други патници немало. Причината за несреќата засега не е позната. Некои медиуми се пошегуваа во насловите, прашувајќи дали можеби се работи за портал низ времето, алудирајќи на тоа дека се работи за авион со нацистички ознаки од Втората светска војна, навестувајќи дека само прашање на време е кога истата „логична причинско-последична врска“ ќе му текне и на некој теоретичар на заговори кој ќе направи Youtube видео на темата…

Како и да е, несекојдневниот настан предизвика голем застој и многу чудење на автопатот, што е евидентно од видеата во продолжение снимени од еден од возачите што се нашле на местото на настанот непосредно по падот.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Според фотографиите, снимките и сведоците, авионот при падот со едното крило ја закачил банкината. Потоа се запалил бидејќи настрадал резервоарот со гориво.

Првичните извештаи велат дека се работи за германски авион „Focke-Wulf Fw 190“, а други тврдат дека се работи за американски „North American T-6 Texan“ префарбан за да изгледа како нацистички авион.

Според медиумите, авионот е во сопственост на локален аероклуб по име „Condor Squadron“.

„Сериозно, можете ли да замислите? Возите по автопатот 101 и одеднаш на ретровизорот гледате како ви се приближува нацистички авион?“, вели еден коментар на Твитер, опишувајќи ја сцената што веројатно ја доживеале барем дел од возачите кои се нашле на местото токму во моментот на падот на авионот.

https://www.facebook.com/derrick.weldon/videos/2391904347491679/

https://www.facebook.com/derrick.weldon/videos/2391904727491641/

https://www.facebook.com/derrick.weldon/videos/2391904964158284/

- Реклама -