Има многу начини да се искористи стариот леб, но во повеќето случаи се работи за нешто пржено или печено, а солено. Ако сепак сте повеќе по благото, особено сладок доручек, рецептов е тоа што го барате.
Потребно ви е:
• стар/бајат леб
• три јајца
• три лажици шеќер
• еден ванилин шеќер
• пола шолја млеко
• масло
• путер
• цимет
Подготовка:
1. Исечете го лебот на коцки
2. Јајцата изматете ги со млекото, лажица шеќер, и кесичка ванилин шеќер
3. Исецканиот леб натопете го во изматеното јајце и пржете го во врело масло измешано со малку путер
4. Пржениот леб „извалкајте“ го во мешавина од една лажица цимет и две лажици шеќер