„Чудо“ во Њујорк: Прв викенд без убиство од 1993 година наваму

По 25 години, њујорчани конечно го дочекаа првиот викенд без престрелка или убиство. Како што истакна њујоршката полиција, последен таков имало во 1993 година.

„Цел петок, сабота и недела поминаа без пукање и убиство. Ова е прв пат во неколку децении да се случи вакво нешто, и сите можеме да бидеме горди на ова“, нагласи шефот на полицијата Џејмс О’нил.

За споредба, во Њујорк во текот на 2017-та се забележани 292 убиства, што е најмал број на злочини во последниве 70 години. Во 2016-та, регистрирани биле 334 убиства.

Градоначалникот Бил де Бласио ја пофали полицијата поради намалувањето на стапката на насилство. Тој потсети дека никој не верувал дека е можно Њујорк да дочека ден кога ќе има помалку од 300 убиени годишно, но ете, истакна, њујоршката полиција успеала и во незамисливото.

Прочитајте и:  Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

И покрај ова, бројките за 2018-та велат нешто друго. Освен мирниот викенд, годинава бројот на убиства во најголемиот американски град е повторно во пораст. Од 1 јануари до 30 јуни се регистрирани 148 убиства, што е зголемување за 8% во споредба со истиот период лани, потенцираат американските медиуми.

Њујорк, патем, има над 8.5 милиони жители.

 

- Реклама -