82 возачи во Скопје возеле со брзина над дозволената

82 возачи кои возеле со брзини над дозволената, евидентирала сообраќајната полиција во Скопје.

Изминатото деноноќие се случиле и 15 сообраќајни незгоди од кои во осум полсено се повредени 11 лица, а во седум е причинета материјална штета.

Петмина возеле под дејство на алкохол, 14 без возачка дозвола, а 15 со нерегистрирани возила.

Издадени се 102 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 72 возила.

Прочитајте и:  Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат заштитни маски не се решение
- Реклама -