ВМРО-ДПМНЕ денеска по состанокот објави дека резултатот од референдумот не го признаваат и дека го прогласуваат за фалсификат.
Николовски и ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Договорот од Преспа е мртво слово на хартија.
На новинарско прашање околу изборите, Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но дека тоа не е најважно, туку најважно е што тие се бореле, се борат, и со референдумот се избориле, против уставните измени и за зачувување на уставното име на Република Македонија.
„После овој референдум, името на Република Македонија е зачувано“, прогласи Николовски.