Истрага против Илон Маск за измама

Американската комисија за хартии од вредност се сомнева дека Илон Маск извршил измама и тоа само поради низа од лажни твитови.

Тие побарале Маск да се тргне од директорската позиција во Тесла, како и во која било компанија чии акции учествуваат на берзата. Најавени се и други правни акции против Маск.

Пред два месеца тој твитна дека размислува за повлекување на дел од акциите на Тесла и дека и инвеститорите го поддржуваат тој план, и дека финансирањето е обезбедено и дека на акциоерите ќе им биде понудено 420 долари по акција-за петтина повеќе од тогашната цена.

Но, Маск за таква трансакција никогаш не разговарал со никого. Со оваа тужба Муск стана еден од директорите од највисок ранг во технолошката индустрија, кој СЕЦ го обвинил за измама во врска со вредносни хартии.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп
- Реклама -