Обвинителката Вилма Рускоска на денешното судење за 27 април, откри дека Груевски нема да биде повикан како сведок бидејќи тој не ни бил во државава додека тоа се случувало.
Поранешниот премиер се поврзува со овој предмет откако е откриено дека член на неговото обезбедување контактирал со онвинетиот Александар Василевски-Нинџа.
Досега во судот за овој предмет сведочеа премиерот Заев, како и министрите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, тогашен пратеник, а сега градоначалник Петре Шилегов, ексминистерот Никола Тодоров, како и дел од обвинетите.