Ќерката на Поцеста признала дека нарачала убиство, но само на таткото

Случајот со убиеното семејство во Дебар полека се разоткрива, како и виновниците кои стојат зад досега невиденото злосторство во градот.

АЛСАТ-М дознава од свои извори дека 28 – годишната ќерка, дошла во Скопје два дена пред убиството на нејзиниот татко, мајка и 14 годишна сестра. Иако првично не го признала патувањето, полицијата дозна дека таа дошла од аеродромот во Скопје и веднаш застанала во центарот на главниот град каде што купила нов телефонски број со кој го контактирала 31-годишниот Ф.Г. од Гостивар.

Тие се сретнале на автобуската станица во Гостивар. Во настанот е вмешан и вујкото на Ф.Г., 61-годишниот В.К., исто од Гостивар. Б.П. била привремено сместена во хотел во Струга, а пиштолот бил обезбеден за 400 евра.

Б.П. давала конфузни изјави дека пиштолот бил за татко ѝ, дека го оставила под тепихот во кујната во куќата, дека се вратила во Струга, но и дека пак заминала во Дебар.

Прочитајте и:  Искршени клупи на повеќе локации низ Дебар

Потоа, признала дека го нарачала убиството само за таткото. Убиството е нарачано за 700 евра, иако според нејзиното сведочење, во понудата било и вработување во Италија на 31-годишниот Ф.Г., соработник во убиството. Девојката рекла дека ракавиците и шамијата ги фрлила во контејнер по пат, за да не остави трага на пиштолот и за да не ја препознаат, наведува АЛСАТ М.

Мотивот за ова злодело е сè уште нејасен. Според досегашниот тек на истрагата, убиството е изведено професионално и Б.П. најверојатно е само нарачател, но тоа не ја ослободува од одговорноста како соучесник, па дури и извршител на делото.

- Реклама -