МЗТ Скопје Аеродром има ново лого, кое е модернизирана верзија на досегашното.
„Овој потег претставува продолжување по патот на темелни промени во клубот, пред сѐ во начинот на работа во однос на минатото. Наш приоритет ќе остане желбата за константна битка за трофеите на домашна сцена и достојна презентација на регионална и европска сцена, но идентична енергија ќе вложиме и во работата со талентите во младинската школа, која се надеваме во најскоро време ќе прерасне во непресушен извор на домашен потенцијал за првиот тим“, пишува клубот во соопштението.