14-годишно девојче пријавило силување кое не се случило?

Илустрација

14-годишна штитеничка на Домот за деца со социјални проблеми неодамна пријавила дека била силувана од непознато лице, кога се враќала од плажа во одморалиштето Мајски цвет.

Таа во полицијата пријавила дека непознато лице со возило ѝ понудило превоз, но наместо да ја однесе во летувалиштето, ја однел во селото Калишта каде ја силувал и потоа ја вратил. Но, како што дознава Сител, лекарските прегледи не покажале дека имало силување.

Министерката за труд и социјална политика за јавноста изјави дека и МТСП и МВР работат на расчистување на случајот, согласно протоклите при вакви настани.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”
- Реклама -