Две возила утрово се судриле на крстосницата од улиците Аминта Трети и Орце Николов.
Според сведоци, имало неколку повредени лица кои веднаш со итна помош биле пренесени во некоја од скопските болници.
На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба.
Сообраќајот привремено е во прекин.