Вештачките нокти се чест моден детаљ на понежниот пол. Жените често прават надградба сакајќи ноктите да се согласуваат со нивниот стил и да изгледаат поубаво и посамоуверено. Но…
Вештачките нокти можат сериозно да го загрозат здравјето на човекот бидејќи на некој начин тие претставуваат и легло на бактерии – предупредуваат експертите. Освен бактериите, хемиските елементи кои се наоѓаат во составот на ноктите неретко можат да предизвикаат интензивни алергии на прстите.
Дури понекогаш може да дојде и до појава на силна иритација, оток, атрофија и одлепување на ноктите од лежиштето. Ноктите несомнено се вистински инкубатор за бактерии и речиси е невозможно со нормално миење на рацете со вода и сапун да се уништат овие бактерии кои се наоѓаат под ноктите, а доколку на нив не постои лак, бројот на бактерии е уште поголем.
Лекарите велат дека и многу од интрахоспиталните инфекции исто така се пренесуваат со помош на долгите нокти на пациентките.
Објавено во соработка со За Здравје.