Полицаец од Скопје пријавил дека од ФБ-профил кој не е негов, но ги има неговото име и фотографија, некој барал пари на други лица и им се заканувал.
Како што соопшти МВР, синоќа во 22:40 часот во Полициската станица Бит Пазар полициски службеник од Скопје пријавил дека непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на други лица.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.