Кучиња кои искасале скопјанец сè уште се на улица

Пред неколку дена скопјанец бил нападнат од неколку кучиња во населбата Ченто. Кучињата кои го нападнале уште слободно се шетаат по главната улица во населбата.

– Ниту носев храна, ниту на кој било начин ги испровоцирав. Тргнав да извадам пари од банкомат затоа што требаше да одам на одмор, но наместо на одмор, завршив по болници. Кучињата буквално ме турнаа на земја, ме гребеа, ме касаа, а јас клоцав обидувајќи се да се спасам. При тоа клоцање удрив едно од кучињата, тоа почна да квичи и се тргна, па по него тргнаа и другите и така се спасив – раскажува Видомир Андреевски за Слободен печат.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Иако пријавил на надлежните, човекот е разочаран што никој не реагирал на пријавата. Проблемот со кучињата скитници кои напаѓаат луѓе трае со месеци. Секојдневно, во евиденцијата на дневни настани на МВР може да се најде барем по еден ваков пријавен случај.

- Реклама -