Помал пожар изби во атинската област Атика

Утрово во населбата Неа Макри во Атика избувнал шумски пожар. На терен веднаш излегле девет пожарникари со три возила и еден хеликоптер.

Неа Макри е географски блиску до населбите кои беа зафатени од катастрофалниот пожар на 23 јули.

Генералниот секретаријат за цивилна заштита објави карта на опасност од пожари во Атика, но и полуостровот Евија, како и островите Скирос, Лезбос, Хиос, Самос и Икарија.

Прочитајте и:  Најмалку десетмина загинати во пожар во пензионерски дом во Шпанија
- Реклама -