Турската пејачка Севтуг снимила турска верзија на евровизиската „Нинанајна“ на Елена Ристеска.
Правата за песната Севтуг ги добила од композиторите на „Нинанајна“. На Евровизија, со настапот на Елена Ристеска, Македонија обезбеди највисок пласман досега.
Од преработката е задоволна и самата Елена, која на Инстаграм напиша дека е среќна што и по толку време, оваа песна уште е атрактивна за Европа.